Search

„Борусија“ со пресврт за триумф против „Баерн“ на Вестфален

Фудбалерите на „Борусија Дортмунд“ славеа во големото дерби против „Баерн“ по пресвртот на својот „Вестфален“ стадион со 3:2. Домаќините со новите три бода се зацврстија на првото место на табелата, пред Баварците.

Првиот гол за гостите во 26 минута го постигна Роберт Левандовски по асистенцијата на Гнабри. „Баерн“ замина на полувреме со предност од 1:0, но во 49 минута Марко Ројс го изедначи резулатот. Полјакот во 53 минута пак до доведе „Барен“ во водство, а својот втор гол го постигна и Ројс во 67 минута. Конечниот резултат го постигна Шпанецот Пако Алкасер во 74 минута, откако претходно влезе во игра место Марио Геце.

Треба да знаете
Последни објави