Search

Еден тон кокаин запленет во Хамбург

Полицијата во германскиот град Хамбург денеска објави дека по едномесечна истрага запленила повеќе од еден тон кокаин и уапсила осуммина осомничени.

Меѓу уапсените се тројца Германци, еден Италијанец и еден полски државјанин, пренесе агенцијата АП.

Подоцна биле уапсени уште три лица, од кои едниот, според сомнежите, е член на моторџиската група „Ангели на пеколот“, а властите веруваат дека бил во контакт со шверцерите на дрогата.

Полицијата исто така за време на акцијата запленила 170.000 евра во готовина.

Треба да знаете
Последни објави