Search

Пресврт на „Јунајтед“ за победа во Торино, 11 гола на „Сити“ и на „Реал“

Фудбалерите на „Манчестер јунајтед“ го изненадија „Јувентус“ во Торино и со комплетен пресврт за само четири минути славеа со 2:1. Тренерот на гостите, Жозе Мурињо по натпреварот ја испровоцира  публиката, па го навлече бесот на домашните фудбалери по што за малку ќе предизвикаше тепачка.

„Јувентус“ доминираше во текот на целиот натпревар, промаши неколку шанси и погоди статива, но дојде во водство дури во 65 минута преку Роналдо. Бонучи испрати долга топк преку половина терен, а Португалецот во трк со волеј ја затресе мрежата на „Манчестер“. Кога се чинеше дека домаќините ќе прокнижат нови три бода, „Јунајтед“ во 86 минута со извондредниот гол на Мата од слободен удар  израмни. Четири минути подоцна по нафрлена топка од слободен удар и мешаницата пред голот на „Јувентус“  Алекс Сандро ја погоди сопствената мрежа за конечни 2:0.

Во останатите натпревари „Баерн“ со двата гола на Левандовски во вториот дел славеше во Минхен против атински АЕК, а „Манчестер Сити“ на „Етихад“ го декласираше „Шахтор“ со 6:0, со хет-трик на Хезус.

Европскиот првак „Реал“ конечно победи и тоа на гостувањето во Чешка кај „Викторија Плзен“ со убедливи 5:0, од кои два гола постигна Бензема.

„Ајакс“ на гостувањето во Португалија кај „Бенфика“ ремизираше 1:1, а успешни на гостувањето беа и фудбелерите на „Хофенхајм“ кои со играч помалку дадоа два гола за конечни 2:2.

Треба да знаете
Последни објави