Search

Моторџија загина кај Подмоље

Моторџија загина во судир со автомобил, вчера на магистралниот пат село Подмоље- Кичево, соопшти МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19.10 часот кога автомобил „цитроен ксара“ управуван од Ф.Б.(21) од село Црвици, кичевско се судрил со мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) село Мешеишта. Од добиените повреди Г.Б. починал на самото место на несреќата. Смртта била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави