Search

Жител на Грчец со пиштол решавал караница за ископ на песок

Полицијата трага по жител на село Грчец кој пукал со пиштол по расправија за ископ на песок во село Ласкарци, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 12 часот во ПС Сарај, И.З. пријавил дека С.М. од  Ласкарци со пиштол му упатил закани по неговиот живот.

По преземени мерки, било констатирано дека при вербална расправија помеѓу И.З. и Д.Р. од село Бојане и Џ.А. од  Мала Речица поради ископ на песок од река на парцела во сопственост на И.З., пристигнал С.М. и физички ги нападнал сите тројца. Тогаш дошол и А.Ј. од село Грчец, другар на С.М., кој со пиштол прво испукал неколку куршуми во воздух, а потоа и кон И.З., Д.Р. и Џ.А., но не ги погодил. После тоа, А.Ј.и С.М. побегнале од местото, избегале во непознат правец, а И.З., Д.Р. и Џ.А. побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави