Search

Обама: Ова е само почеток

Поранешниот претседател на САД Барак Обама оцени дека резултатите од изборите на половина мандат се само „почеток” откако Демократската партија ја презеде контролата над Претставничкиот дом на Конгресот.

– Продолжуваме со работата, рече Обама и додаде дека до посакуваните промени не се доаѓа со само едни избори, но оти тоа е почеток.

Поранешниот претседател изрази задоволство од рекордниот одзив на гласачите, изразувајќи уверување дека ќе се вратат вредностите како што се „почит, пристојност, компромис и единство на Американците, обединети околу заедничките убедувања”.

Треба да знаете
Последни објави