Search

НАТО ќе ја финансира авганистанската Армија до 2024 година

НАТО ќе продолжи да ја финансира Армијата на Авганистан барем до 2024 година, изјави денеска авганистанскиот претседател Ашраф Гани на заедничката прес- конференција со генералниот секретар на Алијансата Јанс Столтенберг во Кабул. Тој му се заблагодари на првиот човек на НАТО за таа поддршка.

Според проценките на експертите, станува збор за четири милијарди долари годишно, од кои три милијарди од САД и една од останатите членки на НАТО.

Столтенберг кажа дека талибанците треба да започнат преговори со авганистанската Влада.

-Талибанците треба да разберат дека е бесмислено да продолжува војната и оти треба да седнат на маса за преговори со Владата на Авганистан. Алијансата целосно ги поддржува мировните иницијативи на претседателот Гани, изјави Столтенберг.

-Затоа целосно го поддржавме примирјето ова лето. Тоа беше кратко, но беше првото примирје во тој  конфликт и сметаме дека тоа е важен чекор во правилната насока, рече тој.

„НАТО не е учесник во мировните преговори, но ние ја поддржуваме авганистанската влада преку нашата мисија за обучување, помагање и подготовка на националните вооружени сили. Сите ние треба да разбереме дека дека постои поврзаност помеѓу ситуацијата на бојното поле и преговарачката маса.  Потребни ни се силни, професионални, добро обучени и опремени авганистански сили, кои можат да испратат јасен сигнал до сите вооружени формации дека тие ќе постигнат многу повеќе на преговарачката маса отколку на бојното поле, рече Столтенберг.“

Речиси 200.000 војници од коалицијата предводена од САД и Меѓународните безбедносни сили за помош на безбедноста на Авганистан (ИСАФ) предводени од НАТО го напуштија Авганистан во 2014 година по 13 години војна. Во земјата остана 12 илјади од мисијата на советници и инструктори на НАТО, а во 2018 година бројот се зголеми на 16.000 поради зголемената активност на вооружените групи.

Треба да знаете
Последни објави