Search

Ибрахимовиќ сака да потпише договор со Милан за една и пол година

Напаѓачот на „Лос Анџелес Галакси“, Златан Ибрахимовиќ, води разговори со калчолигашот „Милан“.

Според „Кориере дела Сера”, Швеѓанецот(37)  сé уште не се согласил со должината на договорот со „росонерите”.

Според весникот, „Милан“ му предлага на Ибрахимовиќ договор за шест месеци од јануари 2019 година, но напаѓачот сака да потпише договор за една и пол година.

Платата на  Ибрахимовиќ може да достигне 1,5 милиони евра годишно без бонуси.

Треба да знаете
Последни објави