Search

„Реал“ против „Ваљадолид“ ја прекина серијата од пет меча без победа

Екипата на „Реал Мадрид“ го совлада „Ваљадолид“ со 2:0 во натпреварот од 11 коло на шампионатот на Шпанија и на тој начин ја прекина серијата од пет натпревари без победа.

Головите за „кралскиот клуб“ ги постигнаа Кико (автогол) во 83. минута и Серхио Рамос од пенал во 88. минута.

Со трите освоени бода Реал стигна до вкупно 17 и се искачи на шестото место, во очекување на резултатите од другите средби во Ла Лига.

Воедно, ова беше деби победа на тренерското место на „Реал“ за аргентинскиот стручњак Сантијаго Солари, кој го замени отпуштениот Хулен Лопетеги.

Треба да знаете
Последни објави