Search

Карачиќ го уништи „Мешков“ за петта победа на „Вардар“ во ЛШ

Ракометарите на „Вардар“ славеа убедливо со 30:23 во салата „Јане Сандански“ против „Мешков Брест“ за петта победа во Лигата на шампиони. Натпреварот го одбележа одличната партија на Игор Карачиќ, кој постигна 11 гола од 14 обиди.

Почетокот на мечот му припадна на „Мешков“ и имаше постојана предност, но не голема, па „Вардарци“ успеаја да фатат приклучок за 14:14 на полувремето.

„Вардар“ тргна поагресивно во одбраната во второто полувреме, па тоа се одрази на резултатот. Откако домаќините поведоа со 19:17 ракометарите на „Мешков“ почнаа полека да се предаваат па раликата постојано се зголемуваше. На сцена стапи и голманот Калифа Гедбан, кој на крајот имаше 11 одбрани.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави