Search

Во вторник собраниската Комисија ќе расправа за одземање на мандатот на Груевски

Седницата на собраниската Комисија за деловнички и мандантно-имунитетни прашања на која ќе се разгледува предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски ќе се одржи во вторник.

Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено Известување од Основен Суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр. 59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години објави Собранието на својата веб-страница.

Седницата е закажана откако Основниот суд Скопје 1 го извести Собранието дека Груевски е осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Членовите на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања  треба да одлучат дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратеник. Конечната одлука треба да ја донесат пратениците на собраниска седница со двотретинско мнозинство.

Треба да знаете
Последни објави