Search

Прегазена млада девојка во Скопје

Осумнаесетгодишна девојка била прегазена вчера во Скопје.

Како што информираат од МВР, вчера во 18:30 часот на улица „Ѓорче Петров” во Скопје, 51-годишниот Ј.Ј. од село Горно Јаболчиште, велешко, управувајќи патничко моторно возило  со велешки регистарски ознаки, удрил во 18-годишната Х.Ш. од Скопје.

По незгодата, со возило на брза помош, Х.Ш. била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави