Search

Кривична пријава против скопјанец за злоупотреба на лични податоци на Фејсбук

Кривична пријава против скопјанец за злоупотреба на лични податоци на Фејсбук

Кривична пријава е поднесена против скопјанец кој злоупотребил лични податоци на Фејсбук на друго лице.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Х.И.(23) од Скопје за сторено  кривично дело „злоупотреба на лични податоци”.

На 28 август годинава на социјалната мрежа Фејсбук во две групи за огласи пријавениот, поради претходно откажана нарачка од 33-годишно лице од Тетово, објавил фотографии, лични податоци и телефонски број, од истиот, во прилог на кои бил наведен текст со навреди и недолична содржина.

Треба да знаете
Последни објави