Search

Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

Државниот инспекторат за земјоделство вчера организираше акција за спречување на рибокрадци на Охридското езеро. Акцијата се одвиваше со поддршка на припадниците на езерската полиција од СВР Охрид, а беше иницирана од сознанијата дека се врши масовно рибокрадење, особено во регионот на селата Калишта, Радожда, Пештани.

Запленети се вкупно 346 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 36.5 кг. Одземени се 68 рибарски мрежи со димензии на окца од 26×26 мм со вкупна должина од 3400 м и 6 мрежи за лов на јагула со димензии на окца 32×32 или вкупно 300 м, соопшти Државниот инспекторат за земјоделство.

Запленети се и 20 мрежи за лов на белвица со димензии 28X28 мм со вкупна должина од 1000м. Овие мрежи се во сопственост од познат сторител.

При чистење на белвичарските мрежи беа извадени 20 парчиња подмладок од охридска пастрмка, со тежина од 150 до 200 грама кои беа внимателно извадени и вратени во Охридското езеро.

Треба да знаете
Последни објави