Search

Танзанските власти формираа специјална единица за лов на хомосексуалци

Танзанските власти формираа специјална единица за лов на хомосексуалци

Дар Ес Салама, најбогататиот град и покраина во Танзанија формираше единица за откривање хомосексуалци, и таа ќе почне со работа идната седмица, соопшти гувернерот на областа, Пол Маконда.

Припадниците на таа посебна единица единица ќе имаат задача, на пример, да ги следат друштвените мрежи со цел да се уапсат тие кои живеат во истополови заедници.

Хомосексуалноста во Танзанија е казнива, и земјата е постојано критикувана од меѓународната заедница. И формирањето на оваа единица се очекува да предизвика многу негативни реакции.

– Повеќе сакам светот да ми се лути, отколку Бог, истакнува Маконда. Тој додава и дека оваа борба освен тоа, ќе значи и строоги казни за порнографија. – Ги предупредувам луѓето да ги избришат сите порно-фотографии од своите мобилни телефони, нагласи гувернерот.

Во таа насока, затворени се и клиниките за лекување од ХИВ, оти властите ги обвинуваат тие лица за промовирање на хомосексуалноста.

Треба да знаете
Последни објави