Search

Пукање во Куманово, едно лице починато

Пукање во Куманово, едно лице починато

Едно лице е починато од огнено оружје во инцидент што се случи вечерва околу 18.30 часот на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово.

Според првичните информации, лицето е испратено на Клиничкиот центар во Скопје и таму истото подлегнало на повредите.

На инцидентот му претходела вербална расправија помеѓу две семејства.

Увид во моментов вршат јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави