Search

Еден загинат во престрелка по расправија меѓу две семејства

Лице што синоќа било повредено со огнено оружје во престрелка во Куманово им подлегна на повредите, потврдија од Ургентниот центар во Скопје.

Лицето беше повредено синоќа околу 18:30 часот во Куманово во инцидент на улицата „Тоде Мендол“ по претходна вербална расправија меѓу две семејства.

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави