Search

Мажите во иднина ќе можат да дојат

Можно е мажите да бидат во состојба да дојат за само пет години од сега, благодарение на нов револуционерен пакет хормони што наскоро ќе се најде на пазарот во облик на коктел од лекови. Оваа група на медикаменти ќе резултира со реактивација на млечните жлезди.

Се смета дека мажите ќе може да го координираат земањето хормонски лекови за време на бременоста на партнерката, што ќе доведе до можност за доење непосредно по раѓањето на детето.

Иако ова изгледа како необичен концепт, научниците кои работат на овој проект сметаат дека ова ќе им овозможи на мажите да им „помогнат“ на нивните партнерки и да развијат меѓусебна емпатија.

Иако оваа терапија уште не е тестирана, комплетот хормони за доење ќе вклучува и примарно земање на хормонот прогестин еднаш дневно, откако ќе знаат дека нивната партерка е бремена. Погестинот е дериват на женскиот хормон прогестерон што ја поттикнува работата на млечните жлезди.

Во последните шест недели од бременоста на жената, мажите ќе го воведуваат и хормонот домперидон што треба да се зема четири пати дневно. Овој хормон им се препорачува на жените кои немаат доволно млеко и познато е дека го стимулира производстото на пролактин, што директно учествува во создавањето на млекото.

Меѓутоа, поради самата анатомска градба на машките брадавици, главно ќе биде потребно испумпување на млекото и технички, мажите нема да можат да дојат на класичен начин.

Научниците кои работат на овој потфат најавуваат дека можно е и зголемување на дојките кај мажите, поради хормонската терапија.

Овој револуционерен сет е заснован на истражување во трансродовата заедница, каде се наведува дека мажите кои земале сличен режим на лекови би можеле да бидат во состојба да дојат.

Сетот лекови би можело да биде достапен во наредните пет до десет години.

Треба да знаете
Последни објави