Search

Заблуди за грипот и настинките во кои и понатаму веруваме

Честопати мислиме дека студеното време или ветерот се виновни за настинките или дека настинките се лечат со антибиотик, но во реалноста вистината е поинаква.

Во кои заблуди поврзани со грипот и настинките сè уште веруваме?

1. Настинката не треба да се лекува

По правило, симптомите на настинка траат околу 3 дена. Но, ако со ништо не се лекувате состојбата може да се комплицира и да трае 20 до 30 дена. Тоа што никогаш не треба да го игнорирате е отежнатото дишење.

2. Можете да работите и кога сте настинати

Многу луѓе ја игнорираат настинката и работат, прележувајќи ја на нозе. Не треба ни да лежите, но најдобра опција е да останете дома еден ден до два дена, а потоа да продолжите со работа. Една од причините за тоа е што првите неколку дена сте заразни и би можеле да ги заразите и колегите.

3. Настинката се лекува за еден ден

Некои луѓе мислат дека ако се наклукаат со витамини и апчиња, утредента магично ќе оздрават. На телото му е потребно време за да закрепне и земањето лекови кои ќе ги ублажат симптомите можат да влијаат на срцето. Во секој случај, не земајте лекови на своја рака.

4. Ако излезете со мокра коса ќе настинете

Мократа коса не е причина за настинка. Причина за тоа е вирус кој на внатрешните површини може да преживее до 7 дена, на облека или на хартија околу 12 часа, на рацете до еден час, на кваките до 6 часа.

Но, ова не значи дека треба да излегувате со мокра коса надвор кога е студено бидејќи имунитетот ќе се намали.

5. Настинката се лекува со антибиотици

Антибиотиците не можат да ги победат вирусите бидејќи нивната структура е поинаква од бактериите. Всушност, овие лекови ќе ја влошат работата, симптомите на настинка нема да престанат, туку вирусот и понатаму ќе се шири.

6. Настинката може да се претвори во грип

Настинката и грипот се предизвикани од различни вируси, така што од еден не може да настане од друг. Луѓето често ги мешаат и симптомите. Еве како да ги разликувате.

Настинката обично почнува со болка во грлото, главоболка и течење на носот. Овие симптоми може да ги чувствувате три до пет дена.

Грипот обично е проследен со болки во мускулите и болки во грлото, висока температура, главоболка и треска.

Треба да знаете
Последни објави