Search

Во Кривичен пристигнало барањето на Груевски за одложување на затворската казна

Во Кривичен пристигнало барањето на Груевски за одложување на затворската казна

Барањето на експремиерот Никола Груевски за одлагање на затворската казна пристигнало во Кривичниот суд откако во понеделникот преку пошта го испрати одбраната.

Неофицијално двете причини на кои се повикува Груевски се обврските што ги има како пратеник пред се поради процесите во собрнаието поврзани со уставните измени. Втората причина е поврзана со докторатот кој го одбрани летоска односно врз основа на докторската теза да напише книга.

Судијата за извршување на санкции има рок од три дена да одговoри дали ќе го прифати предлогот и ќе го одложи издржувањето на казната за Груевски, а ако е незадовоелн тој има право на жалба пред кривичен совет составен од тројца судии.

Експремиерот Груевски бара одлагање и од Врховниот суд. Неговите адвокати ова го предложиле уште минатата недела во барањето за вонредно приспитување напресудата за „Тенк“ но од врховен велат до нив се уште не е пристигнато, патува преку кривичен и апелација.

Според упатниот акт, Груевски треба на 8 ноември да се појави во затворот во Шутка за издржување на двегодишната затворска казна за примање награда за противзаконито влијание.

Треба да знаете
Последни објави