Search

ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов

ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов

Основното јавно обвинителство отвори предмет за претседателот Ѓорге Иванов во кој ќе постапува по две кривични пријави во врска со непотпишување на Законот за јазици и Договорот од Преспа.

Предметот е во предистражна постапка и во моментов се преземаат дејствија за проверка на наводите од пријавата. Побарани биле податоци и информации од Собранието на Македонија и од Кабинетот на претседателот за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на претседателот.

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на договорот од Преспа, иако тој беше во два наврати изгласан во парламентот, наспроти претседателското право на „суспензивно“, а не на „апсолутно“ вето. Претходно, тој исто постапи и за Законот за употреба на јазиците. Поради тоа, овие две регулативи не се објавени се уште во „Службен весник“ и не можат да стапат во сила.

Треба да знаете
Последни објави