Search

Евакуирана зградата на CNN поради бомба – бомби испратени и кај Обама и Клинтон

Евакуирана зградата на CNN поради бомба – бомби испратени и кај Обама и Клинтон

Откако денеска се пресретнати сомнителни пакети со експлозивни направи упатени на адресите на Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама и Белата куќа, американските медиуми јавуваат дека во тек е евакуација  на просториите на Си Ен Ен и Тајм Ворнер центарот во Њујорк.

Репортер на Си Ен Ен напиша на Твитер дека просториите на таа медиумска куќа се евакуирааат, пренесува Ројтерс.

Британската агенција наведува, повикувајќи се на Си Ен Ен дека во тек е евакуација и на Тајм Ворнер центарот, повеќенаменскиот облакодер, наводно поради сомнителна направа.

 

Треба да знаете
Последни објави