Судот му го одложи рочиштето на Груевски за да оди на седницата за уставни измени

Судот му го одложи рочиштето на Груевски за да оди на седницата за уставни измени. Судијата Огнен Ставрев му го уважи барањето на експремиерот Груевски кој на почетокот од судењето побара судот да го ослободи од денешното рочиште за слулајот ,,ТНТ”.

,,Сакам да бидам ослободен од денешното рочиште. Сакам да присуствувам на седницата во Собраието, каде има точка за промена на Уставот. Досега не сум ја користел таа можност”, рече Груевски.

Во 10 часот имало закажано пратеничка координација, но поради рочиштето и, како што рече, почитта кон судот тој се појавил на судењето.

Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО остави на судот да одлучи дали ќе го одложи рочиштето. Следното судење е закажано за 25 октомври.

Во предметот „ТНТ“, седуммина обвинети, меѓу кои и експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и ексградоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, во 2011 сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на нивниот тогашен политички противник од ПЕИ, Фијат Цаноски.

СЈО тврди дека со постапката на уривање обвинетите предизвикале штета од 16 милиони евра, а доплнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Треба да знаете
Последни објави