Search

Дали е корисно да се дои детето подолго од една година?

Мајките се соочуваат со различни информации поврзани со здравјето и начинот на израснување на децата. Постојано има нови дебати околу вакцинирањето, времето поминато пред екран, одвикнувањето од пелени, а особено за времето на доење.

Поради бројните контроверзни информации, многу мајки се прашуваат колку е корисно да продолжат да го дојат детето откако ќе наполни една година. Две американски докторки,  даваат одговори на ова прашање.

Според педијатрите, мајките би требало да дојат во првите 12 месеци од животот на детето. Не постои причина зошто мајките би прекинале да дојат по првата година.

Ако и мајката и бебето се здрави, ако млекото е добро и доењето ви годи, слободно продолжете со доење. Светската здравствена организација вели дека доењето е во ред до втората година од животот на бебето, а според светската стручна литература, просекот е од две до четири години.

Доењето покрај тоа што го снабдува бебето со хранливи состојки, помага во намалување на ризикот за појава на рак на дојка и на јајници кај мајката. Доењето го зголемува имунитетот на детето бидејќи со тоа се пренесуваат антителата од мајката на бебето.

Постарото нејзино дете го доела до 13 месеци и не гледа причина зошто други мајки би престанале тука. Таа додава дека нема причина мајките да се срамат да го дојат детето повеќе од една година, ако имаат млеко и ако тоа е здраво за детето.

Треба да знаете
Последни објави