Search

СЈО побара Јанкулоска да биде прогласена за виновна

Обвинителите од специјалното јавно обвинителство на крајот од своето изнесување на завршните зборови за случајот „Тенк“ побараа обвинетата Јанкулоска да биде прогласена за виновна со оглед на тоа дека извршила злоупотреба на службената положба за набавка на екстралуксузниот „мерцедес“.

„Обвинетата Гордана Јанкулоска при набавката на возилото ‘мерцедес ес 600 гард’ била свесна за своето дело и сакала извршување на истото. Таа го поттикнала Поповски незаконски да го фаворизира ‘Макаутостар’ за да се набави ново блиндиранo возило по желба на тогашниот премиер, Никола Груевски. Бараме обвинетата да биде прогласена за виновна земајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности, а со тоа да бидат платени и 313 илјади денари судски трошоци солидарно со Груевски и Поповски“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затворска казна, а поранешниот премиер Никола Груевски, како поттикнувач за извршување на делото, е осуден на две години казна затвор.

Треба да знаете
Последни објави