Search

Мајката на жената која го обвини Роналдо за силување:Ќерка ми повеќе не беше иста

Португалскиот напаѓач, Кристијано Роналдо, се товари за силување откако 34-годишната Кетрин Мајорга изјави дека фудбалерот на Јуве ја силувал во хотел во кој работела како хостеса.

Американската полиција веднаш отвори истрага, бидејќи во државата Невада не застаруваат случаите на силување. Сега се огласи и мајката на жената која јавно го обвини Кристијано.

„Ќерка ми никогаш не беше иста после тоа. Се кршеше одново кога и да го видеше Роналдо на некој плакат“, вели мајката на Кетрин.

Роналдо наводно во 2009 година тврдел дека таа прифатила секс, но во мејловите кои ги испрати неговиот португалски адвокатски тим, признава дека девојката му рекла да престане и неколку пати му рекла „не“.

„Лежеше на страна. Не ја менувавме позицијата пет до седум минути. Рече дека не сака, но се правеше достапна. Ми зборуваше „немој, не сум како другите“ и потоа се извинив. Не се жалеше дека било брутално, се жалеше дека сум ја принудил. Но, не спомена дека ќе пријави во полиција“, наводно образложил Роналдо, кој ѝ дал 375.000 долари на Мајорга во замена за нејзиното молчење.

Сепак, Мајорга се одлучи да излезе во јавноста со целата приказна. Роналдо потоа ги отфрли сите обвиненија, а неговите адвокати најавија тужба против германски портал, кој го објави интервјуто со Кетрин.

Треба да знаете
Последни објави