Search

Две лица мртви пронајдени во автомобил кај Катланово

Две лица од Скопје биле пронајдени мртви во автомобил на патот Катланово – Бадар, во близина на мостот на реката Пчиња.

Според информациите на МВР, вчера околу 12 часот било пријавено дека на локалниот пат Катланово-Бадар имало возило што излетало од патот. По пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и било утврдено дека станува збор за возило „фиат мултипла“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало две починати лица.

Според информациите на МВР, се работи за лицата З.Н.(39) од Скопје и С.П.(22) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција за да се утврди причината за смртта.

Треба да знаете
Последни објави