Search

Не убедуваа дека не може да се отворат вратите во Собрание вели помошник началник

Не убедуваа дека не може да се отворат вратите во Собрание вели помошник началник

За протестите на „За заедничка Македонија“ во МВР биле разработени неколку сценарија, за ненасилни, за делумно насилни со малолетници во први редови или ао предмети, како за насилни протести со употреба на оружје, раскажа Кирил Бошковски кои за време на протестите бил на функција помошник началник за општа безбедност во СВР Скопје.

Меѓутоа, како што рече тој, во ниту едно сценарио не била разгледана можноста дека масата демонстранти ќе влезат во Собранието.

– Од структурите задолжени за обезбедување на виталните објекти бевме убедувани дека со жива сила нема шанси да дојде до насилно отворање на вратите од Собранието ако истите се соодветно обезбедени од внатрешна страна – рече сведокот кој посочи дека токму затоа му дал наредба на одговорниот за обезбедување на протестите тој ден да исконтактира со одговорниот од внатрешното обезбедување со цел да се обезбедат вратите од внатрешна страна.

Помошник началникот зборуваше и со колку полицајци располагал СВР Скопје за обезбедување на протестите. Тој рече дека од почетокот на протестите до денот на настаните СВР Скопје ги ангажирал максималните сили, оние со кои располагале.

– На почетокот беа пет вода или околу 150 полициски службеници за целокупното обезбедување како сили од СВР Скопје и некаде околу 5 вода од дополнителните сили од ОСПО – рече сведокот.

Бидејќи протестите биле мирни бројката на припадници од посебните сили кои биле ставени на располагање за протестите била намалена, а намалувањето се должело и тоа што била тргната забраната за користење на годишен одмор.

– Од 15 март до 27 април таа бројка се движеше максимум од 3 вода од СВР Скопје и 3 вода од ОСПО. Сето тоа беше согласно сознанијата кои ги имаме и однесувањето на демонстрантите од претходните денови – зборуваше помошник началникот.

Дента на 27 април од посебните сили за обезбедување на протестите биле дадени на располагање само два вода бидејќи истиот ден требало да се обезбедува трасата за судскиот случај Диво Насеље, а имало и меѓународен ракометен натпревар во Аеродром и фудбалски натпревар со висок ризик во Ѓорче Петров.

Треба да знаете
Последни објави