Search

Пет најважни работи доколку сакате да ослабете

Доколку сакате да изгледате убаво до наредното лето, еве малку помош.

Порано, стручњаците советуваа долги кардио тренинзи за оние кои сакаат да изгубат вишок килограми, но сега фитнес инструкторите се согласуваат дека кардио тренинзите може и воопшто да не се неопходни и дека гладта која ја чувствувате после исцрпувачкиот кардио тренинг може да предизвика дополнително дебелеење.

Па, што да се прави?

Доколку сакате да ги симнете вишокот килограми, би требало да се фокусирате на „златната пирамида” на губење на масти, која е составена од:

– кардио
– доволно сон
– тренинзи за сила
– внес на протеини
– калориски дефицит

Одиме по ред, од најважното до најмалку важното:

Калориски дефицит

Единствениот начин да го стопите салото е да внесувате помалку калории отколку што ви се потребни.

Внес на протеини

Во текот на денот, би требало да внесувате помеѓу 0,8 и 1,2 грама протеини по килограм од вашата телесна маса. Подобро би било да сте поблиску до горната граница отколкју до долната, посебно доколку вежбате, затоа што протеините се неопходни за да ја задржиме мускулната маса, да закрепнеме по тренинг и да бидеме заситени.

Остатокот од дневниот внес на калории би требало да доаѓа од здрави јаглехидрати и здрави масти.

Тренинзи за сила

Два до пет пато неделно оддвојте време за тренинзи за сила. Добри и релативно брзи резултати може да очекувате со три до четири тренинзи неделно. И не се плашете од мускули – со вообичаениот режим на исхрана и вежбање нема да се претворите во набилдано чудовиште.

Сон

Потребни ви се помеѓу 7 и 9 часа сон во текот на ноќта. Освен што ќе ви помогне да се одморите и да закрепнете од вежбањето, хормоните за глад подобро се регулираат во организмот кога сме одморени. Доколку сте ненаспани, желбата за храна расте.

Кардио

Доколку сакате да трчате или да возите велосипед, одлично. Но, доколку ова го доживувате како мачење, без гајле. Кардио тренинзите не се неопходни за симнување на вишокот килограми. Се разбира, подобри резултати ќе имате доколку го практикувате и ова, но не мора задолжително да им се посветите доколку не ги сакате.

Треба да знаете
Последни објави