Search

Како реагира телото на студено време?

Кога температурите ќе опаднат човечкото тело користи неверојатни механизми за да ја сочува топлината.

1. Крвните садови се стегаат

Кога телото ќе почувствува дека температурата во околината опаѓа, терморецепторите во кожата алармираат област во мозокот, поточно му сигнализираат на хипоталамусот кој се однесува како термостат посветен да одржува температура од 37 степени. Едно од првите дејствија што ги презема хипоталамусот е да ги стегне крвните садови во рацете, дланките, стапалата и нозете. Крвта така ја пренесува топлината низ кожата.

2. Се тресете

Се разбира дека треперите кога е студено, хипоталамусот им директира на мускулите да започнат со грчење. Преку грчевите се пренесува топлината низ телото и со тоа всушост се затоплувате.

3. Ако премногу сте облечени ви застудува

Како е ова можно? Замислете ја следнава ситуација, надвор сте на студено време и сте премногу облечени за да не ви студи, го чистите дворот од снег. За тоа е потребна физичка работа при која мускулите се грчат и произведуваат многу топлина, така што вашата телесна температура расте. Во овој случај крвните садови се шират наместо да се грчат и почнувате да се потите. Потта почнува да ја мокри облеката и со тоа ја впива топлината од телото. Токму тоа е рецепт за хипотеремија. Заклучок, немојте премногу да се облекувате кога вежбате или вршите физичка работа на студено време.

Треба да знаете
Последни објави