Search

Нухиу ја откри смс комуникацијата со Чавков на 27. април

Нухиу ја откри смс комуникацијата со Чавков на 27. април

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на денешното сведочење за настаните на 27. април во 2017 денеска пред судот истакна дека тој неколку пати се обидел да стапи во контакт со тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, но не му кревал слушалка, пренесува „Фокус“.

-Тој ден бев службено во Куманово, а попладне се вратив дома во Слатино. Пред 18 часот на телефон ми се јави заменик директорот на БЈБ и ме праша дали следам што се случува во Собранието. Веднаш потоа му пуштив порака на Чавков и тоа во 17.58 часот со следнава содржина “Директоре дали ги следите дебатите во Собранието? Има ли можност да ескалира ситуацијата? Во 18.03 часот добив одговор “Нема можност, засега се е под контрола”. По една минута добив нова порака “Надвор нема проблеми”, му одговорил Чавков на Нухиу.

Тој додаде и дека кога видел дека ситуацијата ескалира правел обиди на телефон да го добие Чавков, но тој не му кревал слушалка.

-Не се сеќавам точно колку пати му звонев, но за жал немаше одговор. Поради тоа пак пуштив порака и тоа во 18.58 часот. “Директоре, нема доволно полицајци, сите влезови се блокирани”, но не добив одговор.

Треба да знаете
Последни објави