Search

Средношколец прободен со нож на автобуска во Скопје среде бел ден

Околу 13.00 часот на автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје 15-годишно момче од село Арачиново, скопско, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново- ученик во државно средно училиште.

Додека чекал автобус, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото рамо и половината.

Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави