Search

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Велес-Куманово

Четириесет и двегодишен маж од селото Дабиле, струмичко почина вчера по сообраќајна несреќа на автопатот Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром „Скопје“.

МВР соопшти дека сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(50) од Скопје и патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од селото Дабиле, струмичко, по што В.К. со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „Опел Астра“, А.А.(43) од с.Вељуса, струмичко и 11-годишно дете од с. Дабиле, струмичко. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8-ми Септември“ и „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Треба да знаете
Последни објави