Search

Шилегов: Не знаев дали полицијата нѐ носи да нѐ убие или да нѐ спаси од Собранието

Шилегов: Не знаев дали полицијата нѐ носи да нѐ убие или да нѐ спаси од Собранието

Откако конечно полицијата влезе во прес-центарот на Собранието, не знаев дали нѐ вадат од салата за да нѐ спасат или нѐ носат да нѐ убијат затоа што исто униформирани полицајци како нив претходно ја пропуштаа толпата да влезе, рече Шилегов на денешното рочиште за насилниот упад во Собранието на РМ минатата година.

„Не однесоа во канцеларијата на Ѓорчев, фала богу не нѐ утепаа“, рече Шилегов.

Според него, најповреден бил еден од припадниците на личното обезбедување на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, чија глава била дупната со метален предмет.

„Аце е вистински професионалец, се држеше на нозе сѐ додека не беше сигурен дека сме безбедни. Откако влеговме кај Ѓорчев тој колабираше“, рече Шилегов.

Оттаму пратениците од мнозинството биле однесени во касарната во Ѓорче.

„Таму беа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, никој од нив не ме праша како сум, ниту пак вода ми понудија, а денеска здраво ми прават“, вели Шилегов.

Тој смета дека 27 април е кулминација на однапред смислен проект бидејќи претходно им се протестирало пред домовите, им биле палени и каменувани автомобилите и јавно се повикувало на линч.

Треба да знаете
Последни објави