Search

Столтенберг стигна во Скопје

Столтенберг стигна во Скопје­

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пристигна во Македонија.

Утре тој ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на собранието Талат Џафери, а најавена е и средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која денеска го пречека на аеродромот во Скопје.

Ова е втора посета на Столтенберг годинава, по онаа во јануари, која се толкува како јасна поддршка за референдумот на 30-ти септември.

Во јули, на сaмитот на НАТО во Брисел, кога Македонија доби покана за членство во Алијансата, Столтенберг јасно кажа дека земјата ќе стане членка на НАТО кога ќе го исполни договорот за името.

Пред неговото доаѓање, министерката Шекеринска рече дека неговата посета, како и доаѓањето на високи претставници на меѓународната заедница, е признание за она што до сега го сработи Македонија.

Треба да знаете
Последни објави