Search

Контролор на ЈСП тепал патник за неплатен билет во автобус број 15

Контролор на ЈСП тепал патник за неплатен билет во автобус број 15

Во текот на вчерашниот ден во 19:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Т.Б.(28) пријавил дека истиот ден околу 16,45 часот на улицата “Љубљанска“ во автобус на ЈСП број 15, од страна на контролор на ЈСП бил физички нападнат со тупаница во пределот на устата, информираат од МВР.

Според пријавата контролорот дошол до Т.Б., му побарал билет и откога проверил, побарал од пријавителот да плати повторно карта. Тој одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

Треба да знаете
Последни објави