Клоп: Рано е да се зборува за титула…

Ливерпул одлично ја започна новата сезона во Премиер лигата – избраниците на Клоп имаат две победи на првите два натпревари.

Откако во првото коло Ливерпул славеше со 4:0 против Вест Хем, во понеделникот „Редси“ славеа со 2:0 на гостувањето кај Кристал Палас и после две кола имаат максимален учинок, без примен гол.

Јасно е дека Ливерпул е меѓу главните кандидати за освојување на титулата во Премиер лигата оваа сезона, но Клоп вели дека се уште е рано да се зборува за титулата.

„Многу е рано да се зборува за титулата. Не знам дали нешто помалку ме интересира во овој момент од тоа. Не е важно. Ќе се трудиме да бидеме незгоден противник за сите, никој не треба да биде среќен што ќе игра против нас. Сезоната е долга. Ќе видиме каде ќе завршиме на крајот“, изјави Јирген Клоп.

Треба да знаете
Последни објави