Реал ќе потроши 70 милиони евра за ново засилување

Реал Мадрид ова лето остана без Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо, а во меѓувреме шпанскиот гигант не успеа да пронајде адекватна замена.

Се шпекулираше дека „Кралевите“ ќе го ангажираат Еден Азар од Челси, меѓутоа од лондонскиот клуб не сакаа да слушнат за продажба на својот најдобар фудбалер, па сега Лопетеги наводно веќе го пронашол „вистинското засилување“.

Станува збор за фудбалерот на Валенсија, Родриго, за кој што од Реал Мадрид се подготвени да платат 70 милиони евра.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Хулен Лопетеги дал зелено светло за ангажман на Родриго, а наводно тој побарал од управата на клубот да му доведе уште еден напаѓач.

Треба да знаете
Последни објави