Мурињо ќе добие отказ пред Божиќ…

Јунајтед минатиот викенд загуби од аутсајдерот Брајтон со 3:2 и тоа беше првиот пораз за „Црвените Ѓаволи“ оваа сезона.

Легендарниот фудбалер на Јунајтед, Ли Шарп смета дека е прашање на време кога целата негативна атмосфера ќе ги натера сопствениците на клубот да му врачат отказ на тренерот на екипата, Жозе Мурињо.

„Очекувам дека Мурињо ќе добие отказ пред Божиќ. Ако продолжи со таа досада и тоа плачење, тогаш луѓето ќе речат дека таквиот став не го води клубот кон врвот, па ќе мора нешто да се промени“, изјави Шарп и додаде:

„Се чини дека константно кажува една работа, повторува исти фрази. Тука има многу негативности, навивачите се незадоволни од резултатите во последните неколку сезони, а тој вели дека не добил многу засилувања. Тој сега изгледа многу ладно и тоа се рефлектира на екипата“, изјави Шарп.

Треба да знаете
Последни објави