Балотели донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера

Марио Балотели после долгите шпекулирања и официјално потврди каде ќе ја продолжи својата кариера.

Ова лето на големо се шпекулираше околу можните идни дестинации на Марио Балотели, а тој синоќа и официјално потврди дека и во новата сезона ќе го носи дресот на францускиот прволигаш Ница.

Марио Балотели се пресели во Ница пред две години и во дресот на францускиот клуб досега има постигнато 43 погодоци.

Треба да знаете
Последни објави