Search

Снимка од аеродромската камера на авионската несреќа во Сао Паоло

Снимка од аеродромската камера на авионската несреќа во Сао Паоло

Mал авион се урна за време на слетувањето во Сао Паоло, Бразил, при што загина пилотот, a повредeни се шест лица.

Двомоторниот авион „Beechcraft C90GTi King Air“ се урна слетувајќи на аеродромот Кампо де Марти во неделата вечер, известуваат локалните медиуми. Малиот авион веднаш пламнал штом ја допрел пистата.

Аеродромските пожарникари го извлекле телото на пилотот, Антонио Траверси, и ги спасиле петте патници и преживеаниот член на екипажот.

Бразилските власти ја испитуваат причината за инцидентот. Прелиминарните извештаи велат дека пилотот не бил сигурен дека тркалата биле правилно извлечени и побарал потврда од контролната кула. Несреќата се случила за време на неговиот трет обид за слетување на авионот.

https://www.youtube.com/watch?v=ySlQrXm5Rbw

 

Треба да знаете
Последни објави