Search

Мотоциклист тешко повреден во Тетовско

Според полицијата, вчера во 19,30 часот на регионалниот пат село Јажинце-Тетово, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „фолксваген голф“ управувано од Ф.К. (43) од Тетово и мотоцикл „кумко“ управуван од 17-годишник од Тетово.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, но поради сериозноста истиот бил префрлен во Комплексот клиники во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави