Search

Малолетник тешко повреден во тепачка меѓу две групи во Скопје

Според полицијата, вчера околу 23 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во селото Миладиновци кај игралиштето за мал фудбал дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу две групи малолетни лица, при што во тепачката повреда добило едно 16-годишно лице.

Малолетникот бил пренесен во комплексот клиники  во Скопје каде што од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави