Search

Во стабилна состојба е претепаното бебе по операцијата

 

Претепаното 14 месечно бебе кое пред дваесетина дена беше примено на КАРИЛ денеска е оперирано, откако докторите констатирале дека со терапија не можат да го сопрат крвавењето во мозокот.

 

Доктор Марјан Камиловски од Детската хирургија  вели дека операцијата само што завршила и детето е стабилно. Бебето пред дваесетина дена со скршеници на черепот и нозете и крварење во мозокот, дехидрирано и неухрането беше примено на КАРИЛ.

Се уште не се знае кои последици ќе ги има бебето од ѕверското тепање. Уште претходно докторите се сомневаа бидејќи се оштетени витални функции дека може да има проблеми со движење, говор и вид.

-На претепаното девојче кое лежи на нашата клиника му е направено компјутерско снимање на мозок и се виде дека тие крварења и понатаму прогредираат. Колегите од неврохирургија решија да направат интервенција. Денеска таа е извршена, девојчето пред 15 минути е качено на нашата клиника. Тоа е стабилно и ќе продолжи да лежи додека има потреба. Последици верувам сигурно ќе има, само е рано да се каже, кога ќе имаме информации ќе информираме, сега засега не може да прогнозираме ништо- изјави Камиловски.

Треба да знаете
Последни објави