Search

Иванов ја прими Рејчел Галовеј, новата британска амбасадорка во Македонија

Иванов ја прими Рејчел Галовеј, новата британска амбасадорка во Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, акредитивните писма ќе ги прими од Рејчел Галовеј, новоименуван амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија и од Абдулмомен бин Мохамед Шараф, новоименуван амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана

Треба да знаете
Последни објави