Search

(Видео) По пожарите во Грција, поплави и земјотреси

По пожарите во Грција, поплави и земјотреси

Грција по пожарите ја зафати силно невреме, а имаше и два потреси.

Невремето предизвика и поплави североисточно од Атина. Најпогодени се населбите Маруси и Халандри, каде што паркингот е  претворен во езеро.

Од почетокот на невремето, противпожарната служба добила најмалку 60 повици за интервенции во северниот дел од Атика.

Сообраќајот беше во прекин на неколку места, а еден од мостовите и подвозникот на новиот автопат Атина-Ламија се затворени.

Метеоролозите прогнозираат дека многу нестабилното време ќе продолжи и во наредните два дена над Атика. Дожд и невреме се очекува на Спорадите, Јонските острови, планините на Крит, Кикладите и северниот и источниот дел од Егејско море.

Невремето на места ќе биде проследено и со град.

Земјата утрово се стресе од два земјотреси од 3 и 4,3 степени по Рихтер.

Треба да знаете
Последни објави