Search

Несреќа во Скопје: Излетал од улицата и удрил во бетонска шахта

Вчера во 23:30 часот во Скопје на сервисната улица која ги поврзува регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ЈП „Дрисла“, патничко моторно возило „Лада“ со скопски регистерски таблици управувано од 27-годишниот Е.З. од Скопје излетало од коловоз и удрило во одводна бетонска шахта за атмосферски води. 

 

Од незгодата со телесни повреди се здобил возачот Е.З. и сопатникот, 23-годишниот З.Б. од Скопје, и со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави