Search

Повреден велосипедист на Партизанска

Околу 14,30 часот вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар “Партизански  Одреди“ патничко моторно возило “Опел Астра“ со скопски регистерски таблици управувано од 61-годишниот Г.Б. од Скопје удрило во велосипед .

 

Полицијата денеска информира дека велосипедот го возел 36-годишниот Б.Б. од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој  со истото возило, бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави