Search

Апсење ноќеска на скопскиот аеродром, Скопјанец баран од полицијата е уапсен

Апсење ноќеска на скопскиот аеродром, Скопјанец баран од полицијата е уапсен

Скопјанец утрово бил уапсен на скопскиот аеродром при обид за влез во земјава, информираат од МВР.

Во раните утрински часови на скопскиот аеродром по извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција, констатирано било дека 39-годишниот С.Е. од Скопје фигурира со мерка „А“ (апси) по барање од Одделениетo за потраги при МВР.

Човекот бил приведен и предаден на полицајци од Полициската станица Кисела Вода од каде треба да биде пренесен во затвор.

Треба да знаете
Последни објави