Search

ВМРО-ДПМНЕ со години не инвестираше во системот за градобијна заштита, обвинува СДСМ

По сите малтретирања, уцени и понижувања што им ги правеше на земјоделците, по аграрниот пустош што го остави зад себе, ВМРО-ДПМНЕ денес нема минимум кредибилитет да зборува за состојбата во земjоделството.

Додека ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на луксуз, барок и криминални тендери, 10 години не беше инвестирано во системите за градобијна заштита и во ниту еден дел од техниката во Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти СДСМ.

Според владејаќката партија, за разлика од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работи на воспоставување целосно нов систем за градобијна заштита. Во таа насока, годинава е инвестирано во три агрометеорлошки станици во државата, нешто што со години не било направено. Во Кочани, Струмица, Градско се инсталирани комплетно нови агрометеоролошки станици, а голем дел од метеоролошките станици , кои со години беа запоставени сега се реконструирани.

„Лажните вести информации се единствениот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека мерката за покривање на 60 отсто од трошоците за осигурителни полиси е укината. Мерката ќе продолжи да постои, сите земјоделци што ги исполниле условите за оваа мерка се веќе исплатени. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, партијата на којашто и е битна само одбраната на криминалнот, СДСМ преку Владата што ја предводи покажува вистинска грижа за земјоделците и работи исклучиво на унапредување на земјоделството како една од најзначајните стопански гранки“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави